Италијанската скијачка Федерика Брињоне е победничка на супервелеслаломската трка во Сент Мориц. Таа трката ја заврши со време 57,18 секунди пред сонародничката Елена Кутрони која доцнеше само 0,11 секунди.
Трета беше Американката, Микаела Шифрин со 0,42 секунди заостатот зад Брињони.
Големиот фаворит за висок пласман – Лара Гут-Бехрами заврши преку заштитната ограда откако со голема брзина влезе во еден од свиоците. Засега не е познато дали Швајцарката има сериозни повреди, и дали ќе настапи на ЗОИ кои ќе се одржат во Пекинг за два месеци.
Еве како изгледаше целата ситуација со Гут-Бехрами: