Фудбалската репрезентација на Шпанија, во Краснодар, забележа минимална победа над Тунис, во последниот контролен меч пред почетокот на СП.
Шпанците не блеска, но во финишот сепак го скршија отпорот на Тунижаните. Шпанскиот селектор, Хулен Лопетеги, на овој натпревар ја испроба формацијата 4-2-3-1.
Играчите на „црвената фурија“, доминираа во поседот на топка, а единствениот гол го постигнаа преку Јаго Аспас во 84.минута. Напаѓачот на Селта осум минути пред постигнувањето на голот влезе во игра на местото на Жорди Алба.