САД останаа непоразени во дуелот со Франција, во пријателскиот натпревар одигран во Лион. Драстично подмладениот состав на САД, против еден од фаворитите на СП во Русија одигра 1:1.
Францускиот селектор експериментираше со формација,во најголемиот дел од натпреварот играше „дијамант 4-4-2“, со Гризман зад напаѓачите Мбапе и Жиру.
Франција го диктираше ритамо создаваше шанси, меѓутоа катастрофалната грешка на десниот бек Сидибе им овозможи водство на Американците во 44.минута. Голот за предност го постигна Грин.
Во второто полувреме Французите се маче, тешко создаваа шанси, а ја забрза играта откако селекторот Дешам изврши промени на бековските позиции, Менди и Сидибе беа заменети со Лукас Хернандез и Павар.
Токму Павар му асистираше на Мбапе, кој во 78.минута го постави конечнот резултат.
Во самиот финиш, во последните две минути Франција не искористи две добри шанси да дојде до победа.