Откако Реал Мадрид подолго време се обидуваат да им ја земат ѕвездата Килијан Мбапе, Пари Сен-Жермен подготвиле контра-напад и му нудат трансфер на бразилската ѕвезда на „кралевите“, Винисиус Жуниор, тврди шпанскиот „Ел насионал“.
21-годишниот Бразилец уште го нема обновено договорот со Реал Мадрид, иако се верува дека тој би сакал да остане на „Сантијаго Бернабеу“. ПСЖ наводно веќе контактирале со агентот на Винисиус, и се надеваат дека соиграчите од бразилската репрезентација, Нејмар и Маркињос ќе го убедат да го направи „скокот“ во француската престолнина.
Бразилецот игра во фантастична форма оваа сезона под Карло Анчелоти, постигнувајќи 12 гола и 9 асистенции во 23 меча во Ла лига и во Лигата на шампионите.