Приоритет за фудбалскиот клуб Ливерпул, во летниот преоден рок, ќе биде ангажирање на нов голман, бидејќи двајцата актуелни голмани Лорис Кариус и Симон Мињоле покажаа дека не се на потребното ниво.
Кариус, во текот на изминатата сезона, успеа да му го земе местото на Мињоле, но својата судбина си ја запечати со двете неверојатни грешки во финалниот меч во Лигата на шампионите, каде беше директен виновник за два од трите гола на Реал.
Англиските медиуми шпекулираа дека најголеми желби на Јирген Клоп се Алисон Бекер од Рома и Јан Облак од Атлетико Мадрид, меѓутоа мали се варијантите дека Ливерпул ќе издвои толку пари за голман.
Цената на Алисон е околу 50 милиони евра, а откупната калузула на Облак е 100 милиони евра.
Според последните информации, Клоп успеал да најде многу поевтино решение. Станува збор за голманот на Барнли, Ник Поуп.
Овој голман зад себе има брилијантна сезона, со клубот избори пласман во Лига Европа, а тој прими 39 гола на 38 натпревари.
Цената на Поуп наводно изнесува 17 милиони фунти, а Ливерпул бил подготвен да плати и неколку милиони повеќе за да го реализира трансферот.