Расте бројот на заразени НБА играчи со коронавирусот. Неколку големи ѕвезди, изминатата ноќ влегоа во безбедносниот протокол, кој претставува еден облик на карантин.
Најзвучно име е Јанис Адетокумбо, кој нема да игра вечерва против Индијана Пејсерс. Во карантин е и Џејмс Харден заедно со уште шестмина кошаркари на Бруклин Нетс.
Бруклин натпреварот против Торонто (131:129) го одиграа со само осум играчи.
Двајца од ЛА Лејкерс се во карантина. Тејлен Хортон-Такер и Двајт Хауард.
Најмногу проблеми со коронавирусот имаат Чикаго Булс. Девет играчи се заразени со вирусот, поради што НБА веќе им одложи два натпревари.