Позитивните тестови на коронавирусот, што ги добија вчера Лука Модриќ и Марсело го запалија алармот на „Сантијаго Бернабеу“. Според шпанските медиуми овие двајца не се единствените кои ги имаат симптомите на вирусот.
Претпладнево, уште неколкумина почувствувале симптоми, поради што комплетниот тим повторно ќе биде тестиран. Медиумите шпекулираат дека уште петмина фудбалери се заразени со вирусот.
Тренингот закажа за 9.30 част е одложен за 16.30 часот. Тогаш Карло Анчелоти ќе знае кои играчи ќе мора да одат во изолација.
Правилата на Ла Лига се јасни, дури и да се вакцинирани, заразените играчи мора да бидат 10 дена во изолација.
Реал во наредниот период ќе игра против Кадиз и Атлетик Билабо.