Милан Борјан, голманот на Црвена звезда, веројатно ќе замине од клубот во зимскиот преоден рок. Капитенот имла жестока расправија со тренерот Дејан Станковиќ, по неочекуваното реми, во понеделникот против Радник (1:1).
Црвена звезда, минатиот четврток, обезбеди место во осмина-финалето во Лига Европа, а во понеделникот беше шокирана од Радник во Белград. Српскиот шампион долго време имаше минимална предност,мкоја Радник ја анулира на седум минути до крајот на мечот.
Тренерот Станковиќ полудел во соблекувалната. На таквото негово однесување реагирал капитенот Борјан. Малку фалело расправијата да прерасне во физичка пресметка, пишува спрпски „Курири“.
„Ти си најголемото ѓубре во историјата на Звезда“, наводно му рекол Станковиќ на Борјан.
Репрезентативецот на Канада, вчера не беше на голот, на натпреварот во Бачка Паланка против ТСЦ (2:3).
„Курир“ пишува дека Борјан најверојатно ќе побара трансфер.
Милан Борјна три и пол години е во Црвена звезда. Тој е еден од најзаслужните играчи за одличните резултати што ги постигнува клубот во европските купови.