Шпанскиот тинејџер Андреас Перез почина во болницата во Барселона по инцидентот на четвртата трка од Мото3 јуниорскиот шампионат на патеката Каталуња.
14-годишниот возач на Реале Авинтија тимот, беше вклучен во пад на повеќе возачи во петтата кривина, и веднаш беше однесен во болница со хеликоптер, пред да го загуби животот во понеделникот.
„Андреас ја загуби оваа трка. Загубивме голем возач, со огромен тален и ќе ни недостасува на сите“, се вели во соопштението на тимот.
Перез импресионираше на минатогодишниот Европски талент куп со две победи, за да добие шанса да настапува во Мото3 јуниорската серија.