Тото Волф, шефот на Мерцедес, уште еднаш ја коментирал, последната трка во сезоната, Големата награда на Абу Даби. Трката на „Кас Марина“, ја обележа скандалозниот последен круг, а победата и титулата ја освои Макс Ферстапен.
„Оваа неправда е слична на онаа од Мексико 1986 година и „Божјата рака“ на Марадона или со голот на Џеф Херст во 1966 година, со кој Англија го освои Светското првенство. Поради лошата одлука на директорот на трката ни е одземена титулата. Можевме да се жалиме, но не сакавме на суд да ја добиеме титулата“, рекол Волф.