Top Sport

Сити ќе му ја удвојат платата на Бернардо Силва

Манчестер сити се подготвени да му го обноват договорот на Бернардо Силва и да му ја удвојат платата која ја добива на „Етихад“ по фантастичната форма оваа сезона.

27-годишниот Силва пред стартот на сезоната се плашеше за своето место во тимот на Пеп Гвардиола по трансферот од 100 милиони фунти на Џек Грилиш од Астон вила, но  наместо тоа стана незаменлив во тимот со седум гола оваа сезона.

Според „Сан“ со новиот договор тој би заработувал 300.000 фунти неделно, со што би се израмнил со Кевин де Брујне и Рахим Стерлинг како најскапо платен фудбалер кај англиските шампиони.

Scroll to Top