Агентот Мино Рајола предупреди дека дефанзивецот на Јувентус, Матијс де Лихт е подготвен за нов чекор по шпекулациите кои го поврзуваа Холанѓанецот со трансфер во Челси и Манчестер сити.
Во интервју за холандскиот веб-сајт „НРЦ“, Рајола вели дека и самиот Де Лихт смета дека на неговото време во Торино му доаѓа крај. Јуве ја доби битката со Барселона да го купи Де Лихт од Ајакс за 85.5 милиони евра во 2019 година, но 22-годишниот дефанзивец не го исполни целосниот потенцијал во Серија А, и тешко дека Јуве ќе постигне иста цена во иднина.
Покрај ова, тука се и финансиските проблеми и истрагата за трансферите на Јувентус, со што ако стигне пристојна понуда трансферот би бил возможен.