Пред заминувањето за Русија за Мундијалот, бразилската ТВ програма „Калдеирао до Хук“ му приреди емотивна епизода на Нејмар, откако го потсети на неговите скромни почетоци со копија на неговата прва куќа во Сан Висенте во близината на Сао Пауло.
Нејмар не можеше да ги сопре солзите кога влезе во копијата на куќата, поточно во неговата стара соба, во која беа поставени и дресови и трофеи кои тој ги освоил како дете. На Нејмар подоцна му се приклучија и неговата сестра Рафаела и неговата девојка Бруна Маркезине, како и мајката Надин.
„Ова е една од најемотивните и најневеројатните посвети кои некој ми ги направил. Благодарам до водителот Лучано Хук и целиот тим“, напиша Нејмар на Инстаграм.
Епизодата била снимена додека Нејмар се опоравуваше од операцијата на скршеното стапало во Бразил, и првпат беше пуштена на ТВ во саботата.