Емануел Пети, членот на славната француска генерација која во 1998 година стана светски шампион, побара од неговиот сонародник Пол Погба да се „налути“ и да игра со страст на Мундијалот во Франција.
На 25-годишниот Погба не му пречеа сите критики кои ги доби за сезоната со Манчестер јунајтед, уживајќи во својот посебен животен стил и Пети вели дека тој ќе биде најдобар кога ќе игра со фрустрација и со поента за докажување.
„Сите го знаеме потенцијалот на Погба и би сакал да го видам истиот Погба кој ги инспирираше Јунајтед до 3:2 победа над Манчестер сити. Со таков менталитет, кога е сам против целиот свет, кога нема опција освен да покаже дека има потенцијал да биде најдобриот на неговата позиција. Понекогаш му е потребна таа лутина и сакам да го гледам лут цело време“, вели Пети.
Поранешниот фудбалер на Арсенал, кој го освои трофејот со Франција во 1998 година покрај сегашниот француски селектор Дидие Дешам, вели дека му е лесно на селекторот.
„Дидие има луксуз што може да направи два национални тима на исто ниво. Стабилноста е тука, и сега мора да остане на своето и да донесе трофеј од Русија. Имаме многу талентирани индивидуалци, но во моментов немаме вистински тим“, додава Пети.