Top Sport

Уште еден заразен играч во Реал Мадрид

Лидерот во Примера, Реал Мадрид, пријави уште еден заразен играч со коронавирусот. Поради позитивен тест во домашна изолација се наоѓа Иско. Од минатата недела во изолација се Лука Модриќ, Герет Бејл, Родриго, Марко Асенсио, Марсело и резервниот голман Лунин.

Реал Мадрид, утре, ќе гостува во Билбао. Проблем за тренерот Карло Анчелоти не претставува отсуството на Иско или Бејл, туку фактот што не може да смета на Модриќ и Асенсио.

Дополнителен проблем за Реал ќе биде и отсуството на Касемиро. Бразилецот поради акумулирани жолти картони ќе го пропушти натпреварот на „Сан Мамес“.

Scroll to Top