Аргентинскиот кошаркар Ману Џинобили (44) е меѓу играчите кои се номинирани за влез во Куќата на славните за 2022 година.
Џинобили играше за Сан Антонио Спарс од 2002 до 2018 година и со клубот од Тексас освои 4 шампионски прстени во НБА (2003, 2005, 2007, 2014 година).
Исто така беше клучен играч во аргентинската кошаркарска репрезентација која во 2004 година на Игрите во Атина освои олимписко злато.
Во Европа со Виртус Болоња ја освои Евролигата и беше прогласен за најкорисен играч во финалето.
Финалистите за избор во Куќата на славните ќе бидат претставени на НБА Ол-стар натпреварот во Кливленд во февруари.
Самата свеченост со внесувањето во Куќата на славните ќе се одржува на 9. и 10. Септември идната година во Спрингфилд.