Поранешниот претседател на Кристал Палас, Сајмон Џордан, жестоко ги критикува менаџерите на клубовите од Премиер лигата, кои се фрустрирани што мора да играат голем број на натпревари, во ситуација кога коронавирусот направи хаос во лигата.
Загрижени,за здравјето на фудбалерите и од распоредот, тие вчера одржаа состанок, на кој не постигнаа никакво договор. По состанокот, менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола, рекол дека постои можност играчите да стапат во штрајк.
Претходно, неговиот колега од Ливерпул Јирген Клоп, неколку пати порача дека најважно во целата ситуација е здравјето на фудбалерите.
„Клоп е остар во своите настапи. Изминатите денови од него и од неговите помошници слушаме како треба да се игра фудбалот во оваа земја. Но, сите тие играат на ист терен. Секој ја разбира динамиката на распоредот и јасно им е на сите дека во овој период од годината се игра за публиката. Навивачите го сакаат ова, тие ја сакаат традицијата на Боксинг деј“, рекол Џордан и дополнил.
„Заборавивте ли што ве донесе на местото, на кое сте сега? Натпреварите. Доколку нема побарувачка, вие и вашите колеги немаше да бидете платени со десетици милиони фунти годишно. Доста е. Играјте ја проклетата игра. Играчите сакаат да се играат овие натпревари. Ова повеќе не можам да го трпам. Покажите карактер. Се прифаќаат добрите страни, но мора да се прифатат и лошите. Да не беше фудбалот повеќето од вас ќе работеа во Мекдоналдс“.