Top Sport

Ејми Питерс се наоѓа во вештачка кома

Светската шампионка во велосипедизам, Холанѓанката Ејми Питерс, се наоѓа во вештачка кома. Питерс била на операција поради тешки повреди на главата.

Ејми Питерс, се повредила за време на тимскиот тренинг, во близина на шпанскиот град, Калпе.

„Ејми Питерс е оперирана, во текот на операцијата лекарите го намалија притисокот во нејзината глава што го предизвика несреќата. Во наредните денови таа ќе биде во вештачка кома. Кога докторите ќе ја разбудат за неколку дена, ќе може да биде поствена вистинската дијагноза“, соопштија од тимот на Питерс, СД Воркс.

Питерс (30) е светската првенства на писта од 2019, 2020 и 2021 година и европска шампионка во друмски велосипедизам од 2019 година.

Scroll to Top