Top Sport

Марка: Барса очајнички се обидува да го спречи трансферот на Халанд во Реал

Барселона веќе сигурно го договори Феран Торес како големо засилување во јануари, но сега главниот фокус е кога веќе не можат да го добијат Ерлинг Халанд, да ги спречат Реал Мадрид во амбицијата да го донесат норвешкиот „бомбардер“ на „Бернабеу“, тврди шпанска „Марка“.

Очекувањата се Халанд да си замине од Борусија Дортмунд следното лето поради клаузулата за трансфер од 80 милиони евра, и со него се поврзувани повеќе големи европски клубови, вклучувајќи ги Реал Мадрид и Барселона, но и Челси, Манчестер јунајтед и Манчестер сити.

Неговиот агент Мино Рајола призна дека се сретнал со претставниците на каталонскиот клуб неколку пати, а според „Марка“, пред неколку дена претседателот на Барса, Жоан Лапорта се обидувал да го убеди агентот тој да отиде било каде, само не во Реал Мадрид, посебно бидејќи таму го очекуваат и пристигнувањето на Килијан Мбапе.

Scroll to Top