НБА легендата Денис Родман продолжува да го оддржува својот имиџ на „лошо момче“ по сите години, откако бил приведен во летот од Лос Анџелес до Флорида бидејќи одбивал да ја носи својата заштитна маска.
60-годишниот петкратен НБА шампион одбивал да ја носи маската „правилно“ по повеќе предупредувања од стјуардите, тврдејќи дека не можел да дише, по што била повикана полицијата која го уапсила при пристигнувањето во Форт Лодердејл.
За негова среќа, по неколкучасовен разговор бил пуштен од притвор без казна.