Леонардо Бонучи му порача на својот поранешен соиграч од Јувентус, Кристијано Роналдо дека ќе „страда“ ако Португалија играат со Италија во баражот за пласман на Мундијалот, очигледно заборавајќи дека прво треба да ја поминат Македонија во Палермо во март.
Доколку не минат нас, а Португалија ја победи Турција, тогаш ќе има судир со својот поранешен соиграч и вели дека веќе контактирал со него.
„Зборував со Кристијано и се шегувавме за можност да играме со нив, и ќе видиме што ќе се случи, но тој знае дека ќе добие доста удари. Мораме да се концентрираме на тоа што ќе го направиме, а потоа во март ќе се сретнеме и ќе одиграме два големи меча“, вели Бонучи за „РАИ Спорт“.