Top Sport

Карагер: Конте го трансформираше Тотенхем

Антонио Конте е најдобриот менаџер кој Тотенхем го имал по легендарниот Бил Николсон (кој им донесе две лигашки титули), смета поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега коментатор на „Скај спортс“, Џејми Карагер.

Италијанецот имаше добар старт со клубот од северен Лондон и нема пораз во првите шест премиерлигашки мечеви, и Карагер вели дека бројките кажуваат дека тој е класа над Жозе Мурињо. Конте беше менаџер на Челси од 2016 до 2018, освојувајќи ја Премиерлигата и ФА купот со „сините“ и неговите 67 отсто победи во 82 меча во ПЛ значат дека само Пеп Гвардиола имаш подобар процент на успех во првите 82 меча.

„Тотенхем имаат огромна шанса да бидат во топ 4, иако има голема конкуренција, бидејќи имаат елитен менаџер. Имаат тренер кој може реално да се спротистави на Јирген Клоп, Пеп Гвардиола и Томас Тухел. Најдобриот од Николсон, дефинитивно и класа пред Мурињо“, вели Карагер.

Scroll to Top