Top Sport

Гвинејскиот диктатор им се закани репрезентативците: Донесете го трофејот или вратете ги сите пари

Фудбалската репрезентација на Гвинеја ги започна подготовките за Африканскиот куп. Гвинеја, во првата фаза, ќе се натпреварува во група со Сенегал, Зимбабве и Малави.

Пред почетокот на подготовките, репрезентативците, ги примил полковникот, Мамади Думбија. Думбија, неодамна ја презеде власта со државен удар.

Државниот удар го изведе, додека репрезентацијата играше натпревар во квалификациите.

Поранешниот командант на единицата за специјални операции, на фудбалерите им го врачил знамето на Гвинеја и им испратил заканувачка порака.

„Донесете го трофејот или вратете ги парите кои се вложени во вас“.

Дресот на Гвинеја меѓу другите го носат Наби Кеита од Ливерпул, Амаду Дијавара од Рома, Илаш Мориба од Лајпциг, Саиду Со од Сент Етиен.

Scroll to Top