Top Sport

Јувентус се подготвени да останат без Дибала – Клубот му поставил ултиматум на Аргентинецот

Јувентус, по завршувањето на сезоната, може да остане без Паоло Дибала. Клупските челници се премислиле во врска со договорот, што му го понудиле на фудбалерот. Проблем за Јувентус е финансискиот дел од годишната плата.

„Газета дело Спорт“, пишува дека пред еден месец двете страни се согласиле, фудбалерот да има годишна плата од 8.000.000 евра, а останатите 2.000.000 евра да ги добие преку разни бонуси.

Овој извор тврди дека Јувентус побарале од Дибала и неговиот менаџер, да биде намален фиксниот дел од платата, односно наместо 8.000.000 тој да изнесува 6.000.000 евра. Ова би значело дека делот предвиден за бонусите би изнесувал 4.000.000 евра.

Повредите со кои има Аргентинецот има проблеми од почетокот на сезоната, се причината поради која челните луѓе на Јувентус, отстапиле од она што веќе било договорено.

Дибала е најдобра стрелец на Јувентус, со осум гола, но има одиграно само 1.190 минути.

Доколку фудбалерот и менаџерот ја одбијат оваа понуда, тогаш Јувентус ќе го пуштат Дибала да замине како слободен играч.

Scroll to Top