Поранешната ѕвезда на Манчестер сити, Самир Насри првпат проговори јавно за својот конфликт со поранешниот менаџер на „граѓаните“, а сега италијански селектор Роберто Манчини, велејќи дека тој се однесувал безобразно и ги навредувал сите фудбалери.
Насри помина пет сезони на „Етихад“, од кои две под Манчини, во кои потигна 11 гола и 18 асистенции во 82 натпревари, освојувајќи ја првата титула за Сити по 44 години. Но, 34-годишниот Насри признава дека имало големи конфликти со Манчини.
„На мечот со Вулверхемптон, тој само ми зборуваше. Му кажав да престане. Ако не си задоволен со мојата игра, извади ме надвор. Бев подготвен да ме замени на полувреме. Во соблекувалната ги соблеков копачките и му кажав на Јаја Туре, дека ако ми каже уште еден лош збор, ќе го гаѓам со копачки. Тој постојано покажуваше непочитување и зборуваше лошо со фудбалерите. Го навредив со сите можни зборови. Си заминав за Париз два дена подоцна, и потоа бев на клупата со Манчестер јунајтед. Но, дојде претседателот од Абу Даби и му кажа на Манчини дека ако сум фит ќе играм. Се вратив во тимот откако ми организираа приватен авион од Париз“, вели Насри.
Манчестер сити му дадоа отказ на Манчини во 2013 откако го загуби финалето на ФА купот од Виган.