Top Sport

Кутињо не се враќа во Бразил, бара преголема плата

Најавеното можно враќање на Филипе Кутињо во својата татковина Бразил нема да се оствари, откако ѕвездата на Барселона бара превисока плата, така што најверојатна опција е враќање во Премиерлигата, тврди порталот „Goal.com“.

Кутињо барал да замине од „Ноу Камп“ по три и пол лоши сезони, а каталонскиот клуб е подготвен за договор, и покрај тоа што оваа сезона тој игра многу повеќе отколку во минатото. Повеќе бразилски клубови биле заинтересирани за договор, но неговата годишна плата од 15 милиони евра која ја добива во Барселона, не можат да ја приуштат. Доколку тој добие таква плата во Бразил, ќе стане најплатениот играч во земјата, и дури ниту најбогатите клубови во Бразил (Фламенго, Коринтијанс и Палмеирас) не се подготвени за ваков трансфер.

Кутињо пристигна во Барселона од Ливерпул како еден од најдобрите креативни фудбалери од средниот ред по пет години на „Енфилд“, но беше вистинско разочарување кај Каталонците, и во 2019/20 беше пратен на позајмица во Баерн Минхен. Минатата сезона тој почесто беше повреден отколку ан теренот, но оваа сезона има 16 настапи во 18 меча во Ла лига и два постигнати гола.

Scroll to Top