Избегната е трагедија на натпреварот Вотфорд-Тотенхем. Навивач доживеа инфаркт во 85.минута, на Викариџ роуд“.
Експресно интервенираа медицинските тимови на двата тима. Благодарение на нивната брза интервенција, навивачот преживеа.
Натпреварот беше прекинат повеќе од осум минути.
Откако натпреварот продолжи, Вотфорд потклекна пред фаворизираниот противник. Дејвисон Санчез во 96.минута го постигна единствениот гол на натпреварот.