Top Sport

Фудбалерот Цониќ ќе учествува на отворањето на Светското првенство во Москва (Видео)

Специјален известувач за „Топспорт“ од Москва, Кристијан Ландов

Младиот фудбалер на ФК Вардар, Максим Цониќ, ќе учествува во активностите за време на отворањето на Светското првенство во фудбал заедно со деца од целиот свет. Свеченото отворање е попладнево во 17.30 по локално време, односно 16.30 по македонско време. Заменик-извршниот директор на ФК Вардар, Кирил Кироски, смета дека организацијата е на највисоко ниво.

„Очекувам прекрасен спектакл. Неколку дена сме во Москва, фановите почнуваат да пристигнуваат од целиот свет. Атмосферата е прекрасна. Како и секогаш, фаворити се репрезентациите на Бразил, Германија, Франција, Шпанија, но мој личен фаворит е Англија“, вели Кироски.

Според него, во проектите како „Фудбал за пријателство“, најважно е разменувањато контакти и искуства.

Македонија и оваа година, втора по ред, е дел од „Фудбал за пријателство“ и е претставувана од младите амбасадори Ева Јакимовска (млад новинар) и Максим Цониќ (млад фудбалер), придружувани од Кирил Кироски, заменик-извршен директор на ФК Вардар, и Маргарита Андоновска, координатор за проектот „Фудбал за пријателство“ за Македонија, од агенцијата за односи со јавност „АПРА портер новели Македонија“.

Кироски очекува на првиот натпревар на ова првенсво во мечот меѓу Русија и Саудиска Арабија победник да биде домаќинот.

Scroll to Top