Манчестер јунајтед апсолутно немаат намера да се ослободат од Антони Марсијал ова лето и покрај вестите дека агентот на францускиот репрезентативец бара нов клуб.
22-годишниот Марсијал дојде на „Олд Трафорд“ од Монако во 2015 година за околу 60 милиони фунти и по одличната прва сезона во која постигна 11 гола, Марсијал во 2016/17 имаше само 4 гола, пред минатата сезона да има 9 гола и 5 асистенции, но само 18 старта во Премиер лигата, откако менаџерот Жозе Мурињо не му даде многу шанси.
Неговиот агент, Филип Ламболе вчера призна дека тој сака да замине бидејќи не е задоволен од позицијата.
„Тој го сака клубот и фановите и го покажа тоа три години. Да не беа навивачите тој одамна ќе побараше да замине. Трипати беше избран за играч на месецот од фановите. Но, по разгледување на сите опции, Антони сака да замине“, изјави Ламболе.
Сепак, според „Би-би-си“, управата на Јунајтед нема намера да го продаде Марсијал, кој има договор за уште една сезона со опција за уште една. Неодамна и самиот Жозе Мурињо изјави дека не планира да се „ослободува“ од ниту еден играч на тимот.
Фото: ЕПА