Top Sport

ПСЖ со изненадувачка мета – Конор Галагер!

Француските гиганти Пари Сен-Жермен подготвуваат шокантна понуда од 50 милиони фунти за Конор Галагер, 21-годишниот фудбалер на Челси, кој оваа сезона импресионира на позајмица во Кристал палас, тврди „Сан“.

Галагер неодамна ја доби наградата за фудбалер на годината во избор на фановите во 2021, и има постигнато 6 гола во 17 настапи оваа сезона во тимот на Патрик Виеира, по што беше повикан во англиската репрезентација во ноември, дебитирајќи против Сан Марино.

Според „Сан“, тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино одамна го следел развојот на Галагер, и веќе во јануари би се обидел да го донесе на „Паркот на принцовите“, иако се подготвени да чекаат и до летото. Челси се обидоа да го вратат Галагер во составот, но во неговиот договор за позајмица со Палас има клаузула со која со доволно настапи тој сигурно останвуа до крајот на сезоната.

Scroll to Top