Top Sport

Нејмар: Да играв јас, Германија немаше да не победи со 7:1

Поразот на Бразил од 7:1 од Германија во полуфиналето на Светското првенство во 2014 година останува еден од најшокантнтите моменти во богатата фудбалска историја на јужноамериканската нација, но Нејмар вели дека со него во тимот, немало да дојде до таква катастрофа.

„Јас дефинитивно би сакал да го играм тој натпревар повторно. Со мене на теренот, верувам дека резултатот ќе беше поинаков. Сигурен сум во тоа. Но, за штета, судбината не беше таква“, вели ѕвездата на Пари Сен-Жермен во интервју за германскиот портал „Спокс“.

Нејмар го пропушти тој меч поради скршена коска во грбот по победата над Колумбија во четврт-финалето. 26-годишната мега-ѕвезда вели дека во Русија имаат шанса да „го измијат последното СП“.

„Можеби пак ќе се сретнеме со Германија и таму ќе ја имаме нашата одмазда“, вели Нејмар.

Тој исто така вели дека не е горд на фактот што е најскап фудбалер во историјата, откако минатото лето ПСЖ плати 222 милиони евра за него.

„Не се работи за тоа да си најскапиот. Се работи само за пари, за ништо друго и не можам да направам ништо. Лично, да беше до мене, ќе платев многу помалку за моите услуги“, додава Нејмар.

Фото: ЕПА

Scroll to Top