Јирген Клоп е подготвен да го врати Еден Аар во Премиерлигата, а во Ливерпул да биде „замена“ за Мохамед Салах и Садио Мане, кои ќе бидат отсутни поради настапот на Африканскиот куп на нации, тврди шпанскиот „Ел Насионал“.
Според нивнтие извори, Клоп е голем фан на фудбалерот на Реал Мадрид и верува дека тој може да помогне во напорниот распоред оваа сезона и во борбата со Манчестер сити за титулата во Премиерлигата.
Меѓутоа, бордот на Ливерпул не е подготвен да троши оваа зима, а во исто време постојат и сомнежи за неговата физичка подготвеност по честите повреди. 30-годишниот Белгиец подолго време е поврзуван со враќање во Англија, каде што го играше својот најдобар фудбал со Челси, откако претходно во игра беа и Вест хем и Њукасл.
Од друга страна, Клоп добил зелено светло за барање на нови помлади таленти, со Рафиња од Лидс јунајтед и Луис Дијаз од Порто како главни цели.