Top Sport

Лукашенко пречекан од Забивака, веднаш почна да наредува (видео)

Белорусија не е на Светското првенство во Русија, но претседателот на оваа источноевропска земја, Александер Лукашенко пристигна како гостин и беше пречекан од маскотата на шампионатот, Забивака, покажувајќи ги своите фудбалски квалитети.

Лукашенко веднаш по симнувањето од авионот со белоруската делегација беше пречекан од маскотата со фудбалска топка во рацете, и веднаш му „нареди“ да биде голман и да ги брани ударите на човекот кој многумина го нарекуваат последниот европски диктатор. Двајца члена на делегацијата служеа како диреци!

Лукашенко е познат по тоа што е страствен љубител на хокеј на мраз и фудбалот му е во втор план (исто како на белоруската фудбалска репрезентација, која никогаш не се квалификувала на големи натпреварувања).

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');