Филипе Кутињо може да се врати во Премиерлигата, и тоа во клуб каде што менаџер е неговиот поранешен соиграч Стивен Џерард, откако Астон вила е во игра за потписот на Бразилецот на Барселона, тврди „Кадена копе“.
Барселона подолго време се обидува да се ослободи од 29-годишниот Кутињо и неговата голема плата, откако по пристигнувањето во Барселона од Ливерпул во 2018 година не успеа да покаже дел од својот талент и беше пратен на едногодишна позајмица во Баерн Минхен.
Двајцата играа заедно на „Енфилд“, додека Џерард не се повлече од фудбалот. Кутињо беше најдобриот фудбалер на Ливерпул кога Барселона првпат се обиде да го донесе во 2017 година, но „црвените“ ја одбија понудата, пред во јануари 2018 да го продадат за неверојатни 142 милиони фунти (ако се сметаат сите бонуси).