Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер вели дека е голем противник на плановите на светската федерација за оддржување на Светско првенство секои две години.
85-годишниот Швајцарец, кој беше главен во ФИФА од 1998 до 2015, пред да биде сменет по низата корупциски скандали, смета дека целиот план на реорганизација на меѓународниот фудбал по 2024 година е лош за сите страни.
„Околу Мундијалот на секои две години – не смееме да заборавиме дека основата на нашата игра се клубовите и нивното влијание на општеството, и ако играат само репрезентациите, тогаш клубовите го губат правото за постоење. Затоа, јасно НЕ на двегодишниот ритам на Светското првенство“, пишува Блатер на Твитер.
Контрирањето на ФИФА не е големо изненадување, бидејќи минатиот март етичката комисија на ФИФА му додели нова суспензија од шест години и четири месеци откако тој не пријави исплати од 60 милиони евра. Првично, Блатер доби шестгодишна казна во 2011 за исплатата која ја направи кон поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини (кој исто така беше казнет).