Top Sport

Пјонтек се враќа во Серија А

Фиорентина се засили со Кшиштов Пјонтек. Полскиот напаѓач, до крајот на сезоната, како позајмен играч од Херта, ќе го носи дресот на клубот од Фиренца. Фиорентина, по завршувањето на сезоната, ќе може да го откупи неговиот договор.

Италијанските медиуми пишуваат, дека Фиорентина се подготвува за заминувањето на Душан Влаховиќ и дека поради тоа е донесен Пјонтек.

Ваквите информации ги демантираат од „Артемио Франки“. Велат дека Полјакот само ќе ја засили конкуренцијата во нападот.

Инаку, поради Пјонтек, Александар Кокорин ќе го напушти клубот. За рускиот репрезентативец најголем интерес покажува Химки.

Scroll to Top