Српскиот репрезентативец, Стефан Јовиќ, кариерата ќе ја продолжи во Панатинаикос. Јовиќ и ПАО договориле соработка до крајот на сезоната, со можност соработката да биде продолжена и на сезоната 2022/2023.
Јовиќ на плејмејкерската позиција ќе го замени Јоги Ферел, кој доби отказ пред еден месец и се пресели во Цедевита Олимпија.
Јовиќ една година е без клуб, откако го раскина договорот со Химки. Плејмејкерот нема одиграно натпревар од квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри кога се повреди.