Францускиот спортски весник „Екип“, тврди дека ПСЖ во летниот преоден рок ќе го реализираат трансферот на Ерлинг Халанд. За целиот, вклучувајќи го и петгодишниот договор, ПСЖ ќе издвои 300.000.000 евра.
Според, „Екип“, во ПСЖ веќе се соочиле со реалноста, дека Килијан Мбапе ќе го напушти клубот. Во клубот процениле дека идеална замена би бил Халанд.
Бројките со кои располага „Екип“ изгледаат вака: обесштетувањето би чинело помеѓу 75 и 100.000 евра, помеѓу 15 и 20.000.000 евра би добиле провизија таткото на Халанд и менаџерот Мино Рајола, а фудбалерот би добил годишна плата од 30.000.000 милиони евра.
Халанд, пред две години за 20.000.000 евра ја засили Борусија Дортмунд. Норвежанецот има неверојатна статистика (75 одиграни натпревари, 76 голови и 20 асистенции).