Според шпанските медиуми, тренерот на Барселона, Чави останал без зборови од посакуваната плата на Усман Дембеле поставена како услов за продолжување на договорот со каталонскиот гигант, по што најверојатно веќе нема да биде дел од составот на Барса.
Барса веќе беше активна на пазарот во јануари – го донесоа Феран Торес од Манчестер сити, додека го пратија Филипе Кутињо во Астон вила на позајмица за да можат да си ја приуштат платата на Торес. Тие сакаат да го заддржат Дембеле, кому договорот му завршува на крајот на сезоната.
Според медиумите, Дембеле побарал плата од неверојатни 40 милиони евра по сезона, или околу 900.000 евра неделно, нешто што малку тимови се подготвени да го дадат. Како ќе заврши сагата околу 24-годишниот Французин останува да се види.