По написите во британските медиуми дека во соблекувалната на Манчестер јунајтед има голем бунт и дека фудбалерите се поделени во групи по пристигнувањето на преодниот менаџер Ралф Рангник, Фред реши да одговори на социјалните мрежи.
Рангник го загуби првиот меч во понеделникот, кога Јунајтед загубија дома од Вулверхемптон со 0:1 во еден очаен меч, по што во британските таблоиди се тврдеше дека дури 17 фудбалери сакаат да си заминат поради атмосферата во клубот.
28-годишниот Фред, кој честопати беше посочуван за критики за слабата игра на Јунајтед, одговори преку социјалните мрежи.
„Во последните неколку дена прочитав неколку фејк вести во кои беше споменувано моето име и името на други фудбалери на Манчестер јунајтед. Вообичаено не одговарам за контроверзни работи јавно, но овојпат морам да го направам тоа. Само ќе кажам дека сум пресреќен во Јунајтед и никогаш не сум искажал незадоволство или желба за заминување од клубот. Нека не ве лажат фејк вестите. Сите продолжуваме да работиме со посветеност за нашите цели“, напиша Фред.
I just want to say that I am very happy here and I have never expressed any dissatisfaction and the possibility of leaving the club. Don't get misled by fake news. We will continue to work with great dedication to pursue our goals.
— Fred Rodrigues (@Fred08oficial) January 7, 2022
Сериозни тензии и конфликти во соблекувалната на Манчестер јунајтед