Top Sport

Интер им го понудиле Алексис Санчез на Евертон „бесплатно“!

Интер им го понудиле Алексис Санчез бесплатно на Евертон, во обид да се ослободат од неговата висока плата, и „карамелите“ може сериозно да размислат за ваков трансфер доколку ги загубат Ришарлисон или Доминик Калверт-Луин во јануарскиот преоден рок, тврди британскиот „Сан“.

Рафа Бенитез се обидува да избегне ситуација во која Еверотн ќе биде приморан да се бори за опстанок, и ќе мора да донесе засилување во нападот, а Санчез е втора опција покрај младиот аргентински напаѓач Валентин „Тати“ Кастелјанос од Њујорк сити, најдобриот стрелец во МЛС лигата минатата сезона.

33-годишниот Санчез пак, би се вратил во Премиерлигата, каде што последен пат играше за Манчестер јунајтед, кои го купија од Арсенал во јануари 2018 година, но имаше само 5 гола во 45 настапи за „ѓаволите“ пред да си замине во август 2019 година.

Scroll to Top