Откако има малку шанси да го купат Свен Ботман во јануари, Милан се обидуваат да обезбедат позајмица на тројца фудбалери од Премиерлигата – Нејтан Аке од Манчестер сити, Ерик Баји од Манчестер јунајтед или Маланг Сар од Челси.
На „росонерите“ им е потребна замена за Симон Кјер, кој е во аут до крајот на сезоната со повреда на коленото, и се веруваше дека Ботман, нивната повеќегодишна мета ќе пристигне на „Сан Сиро“. Сепак, шефот на клубот, Рики Масара призна дека Лил не сака да го продаде централниот бек во јануари.
Според „Скај спортс“, „росонерите“ сега се фокусираат на Аке, Баји или Сар, кои имаат договори со своите клубови, но мала минутажа. И покрај отсуството на Кјер, Милан примија само еден гол во последните два меча.
Di Marzio: "Milan, difficoltà per Botman. Valutati Bailly, Ake e Sarr" https://t.co/StY6oq6YUm
— MilanNews.it (@MilanNewsit) January 9, 2022