Лука Модриќ вчера беше дел од официјалната прес-конференција пред првиот меч на Хрватска на Мундијалот против Нигерија, и воопшто не беше добро расположен кога беше запрашан за скандалот со Здравко Мамиќ.
По сите вообичаени прашања, англискиот новинар од „Гардијан“ го запраша Модриќ за реакција на ситуацијата околу поранешниот прв човек на Динамо, Мамиќ, кого Хрватска го гони со потерница, а тој се „крие“ во Босна и Херцеговина.
„Навистина? Немаш нешто попаметно да прашаш од тоа? Колку време го подготвуваше ова прашање“, одговори Модриќ. Ова на видеото можете да го видите од 14-тата минута.
Покрај Мамиќ, и капитенот на хрватската репрезентација Модриќ е под истрага за лажно сведочење, заедно со колегата од репрезентацијата, ѕвездата на Ливерпул, Дејан Ловрен. Модриќ лажно сведочел околу анексите на неговиот договор, во кој парите од неговиот трансфер се делат на 50:50.