Top Sport

Пике: Роналдо има навика да се фрла на тревата

Шпанскиот дефанзивец Жерард Пике го критикуваше португалскиот ривал Кристијано Роналдо, велејќи дека човекот кој им даде на Шпанците хет-трик во 3:3 ремито има навика да симулира пенали.

Роналдо постигна фантастичен гол од слободен удар во 88. минута откако беше фаулиран од Пике. Фудбалерот на Барселона не беше задоволен, посочувајќи дека Роналдо секогаш „претерува“ при контактите.

„Имавме повеќе шанси, а тие имаа три удари и три гола. Но, мораш да се соочиш и со такви натпревари. На почетокот на Мундијалот добиваш пенал во втората минута и на крајот мораш да бидеш задоволен. И така, Кристијано има навика да симулира. Имаше екстремно мал контакт“, вели Пике.

Подолу е фаулот, така што можете да процените сами дали Пике е во право.

Scroll to Top