Top Sport

Можниот потрес на мозокот на Амрабат „лекуван“ со шамари! (видео)

Повредата на мароканскиот дефанзивец Нордин Амрабат во текот на вчерашниот меч против Иран предизвика дискусија на Интернет дали медицинскиот тим на африканската репрезентација не „претера“ со лекувањето со шамари и со прскање со вода.

31-годишниот дефанзивец на Ватфорд доби удар во главата при еден дуел, и откако беше изнесен надвор од теренот, беше испрскан со вода и доби неколку шамари. Иако тој инсистираше да се врати во игра, беше заменет со неговиот помлад брат 21-годишниот Софјан во 78. минута.

Мароко си постигна авто-гол во судиското продолжение за изненадувачки пораз од Иран.

Scroll to Top