Тотенхем се главни фаворити за потписот на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард, кога ќе му заврши договорот со „ѓаволите“ ова лето, тврди „ЕСПН“.
29-годишниот Лингард тешко дека ќе се договори за останување на „Олд Трафорд“ поради малата минутажа која ја добива по враќањето од позајмицата од Вест хем, а Тотенхем се ново име на листата заинтересирани клубови покрај „чеканите“, Милан и Барселона.
Лингард има само 13 настапи, повеќето како замена за Јунајтед оваа сезона, и ниту еден старт во меч од Премиерлигата. Тој смета дека му е потребен нов клуб ако сака да се бори за место во англиската репрезентација пред Светското првенство во декември.