Top Sport

Севарсон работеше во фабрика како подготовка за Мундијалот

Дефанзивецот Биркир Севарсон реши дека најдобро може да се подготви за првиот настап на Исланд на еден Мундијал со работа во фабрика за пакување сол.

33-годишниот фудбалер на Валур Рејкјавик, вели дека работата во фабриката во исландската престолнина му помогнала да го задржи фокусот и да остане „приземјен“.

„Не можам да седам и да не правам ништо по цел ден. Тоа е досадно и стануваш мрзелив и тоа не ми беше потребно пред Светското првенство“, вели десниот бек Северсон, кој ќе треба да го сопре Лионел Меси и Аргентина во Москва.

Со популација од само 335.000, Исланд се убедливо најмалата нација која се квалификувала на еден Мундијал, а Северсон ги одигра сите минути на сите натпревари на минатото Европско првенство во Франција во 2016, кога Исланд стигна до четврт-финалето. Тој е фудбалерот со најмногу настапи за Исланд – дури 79.

„Ако играш на вакви турнири, тогаш е уште поубаво да си од Исланд, бидејќи сѐ е посебно за тебе. Ако играш за Англија, Бразил или Аргентина, тогаш тоа од тебе е очекувано секогаш. Можеби за нив не е толку посебно колку за нас“, додава Северсон во интервју за „АФП“.

Исланд и Аргентина играат од 15 часот.

Scroll to Top