Мино Рајола, фудбалскиот супер-агент, кој претставува фудбалери како Пол Погба и Ерлинг Халанд, бил на итна операција во болницата „Сан Рафаеле“ во близината на Милано и ќе биде заддржан подолго време, тврди новинската агенција „АНСА“.
Не се открива за што точно била операцијата на 54-годишниот Рајола, кој меѓу другите ги претставува ѕвездите Погба, Халанд, Златан Ибрахимовиќ, Џанлуиџи Донарума и Матијс де Лихт, но се тврди дека тој ќе остане подолго време во болница.
Рајола, кој е роден во Италија, но е израснат во Холандија, според магазинот „Форбс“ има богатство од над 80 милиони евра.