Њукасл се обидуваат да го склучат својот најимпресивен договор по преземањето од саудиските газди, откако по носењето на Киеран Трипиер од Атлетико Мадрид и Крис Вуд од Барнли, го идентификуваа талентираниот Амаду Хајдара од РБ Лајпциг, за кој подолго време се заинтересирани за Манчестер јунајтед.
23-годишиот Хајдара, кој игра на позицијата на централен играч за врска, во моментов е на Африканскиот куп на нации со Мали, и се верува дека договорот ќе вреди околу 80 милиони фунти. Тој има отпусна клаузула од 33 милиони фунти, но таа е активна во текот на летото, и Њукасл ќе треба да платат многу повеќе ако сакаат овој месец да се договорат со бундеслигашот.
Њукасл му нудат на Хајдара долгогодишен договор со плата од 160.000 фунти неделно, со што би станал најдоброплатениот фудбалер во клубот. Хајдара е во Лајпциг од 2019, и има над 100 настапи откако ја почна кариерата со „сестринскиот“ клуб Ред бул Салцбург.