Хавиер Маскерано го помина Хавиер Занети како Аргентинец со најмногу настапи за репрезентацијата, со 144. настап против Исланд.
34-годишниот Маскерано дебитираше во дресот на „албиселесте“ во јули 2003 година во пријателски меч со Уругвај и од 2004 година е речиси секогаш во составот на Аргентинците, без разлика на тоа кој е селектор.
Тој освои златен медал со Аргентина на Олимпијадата во Атина во 2004 година, а во ноември 2008 година кога селектор беше Диего Марадона, Маскерано стана капитен на репрезентацијата на место на Занети.
Од активните играчи, само Лионел Меси е блиску до рекордот на Маскерано – тој има 125 настапи со своите 30 години, и сега останува да се види колку долго ќе трае неговата репрезентативна кариера.
Фото: ЕПА